ИПАРД средства и за малите претпријатија кои не се занимаваат со земјоделство

26.11.2014 10:01

И малите претпријатија во руралните средини можат да користат ИПАРД средства. Ваквата финансиска подршка со европските пари може да се употребува и за дејностите кои не се поврзани со земјоделството...

Микро, мали претпријатија или задруги во руралните средини кои не се занимаваат со земјоделство можат да користат ИПАРД средства.

Инвестициите треба да се за собирање или преработка на шумски производи освен дрва и треба да имаат договори со индивидуални собирачи со дозвола.

Барателот може да поднесе повеќе барања на еден јавен повик  или едно барање за една мерка.

За проекти до 50.000 евра, се доставува технички проект, а за поголеми инвестиции потребен е деловен план.

 

Методија Трајков