Афоризмите ја кажуваат најголемата вистина!

26.11.2014 10:18

Афоризмите се најкратка литературна форма, но ја кажуваат најголемата вистина. Луѓето кои што пишуваат афоризми како да велат- човеку не лути се...

За живото и љубовта, за човекот, богатството, среќата и судбината. Ова се темите кои во најкратката литературна саркастична форма ги преточил афористичарот Ѓорги Панов во неговото четврто дело „Помеѓу редови“. 

Мисловните минијатури откриваат еден зрел израз во кој се олицетворени суштинските општочовечки проблеми и прашања. Критичарите за него ќе напишат дека до гола кожа ја разголува вистината за човечкото битисување.

Да се пишува афоризам, е да се проучува и толкува социјалната топографија, потенцираат критичарите, кога зборуваат за делото на Панов. Оваа книга, Панов му ја посветува на неговиот чичко, покојниот Антон Панов кој уште во неговата младост пишувал афоризми.

Панов неговите согледувања на светот и животот околу него ги составува во над 350 афоризми поделени во седум тематски целини.  

 

Катерина Давчева