Нов рекорд на величенствениот Меси
Тој до синоќа го делеше првото место со шпанецот Раул, со само еден погодок повеќе од големиот ривал, Кристијано Роналдо...

Лионел Меси е најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите, откако постигна 'хет трик' на гостувањето кај Апоел во победата на Барселона од 4 : 0. Тој до синоќа го делеше првото место со шпанецот Раул, со само еден погодок повеќе од големиот ривал, Кристијано Роналдо.
Против кипраните аргентинскиот суперстар го оствари својот 28 'хет трик' на во клупската кариера, а 5 во ЛШ. Во дресот на каталонскиот гигант има вкупно постигнато рекордни 368 голови во сите натпреварувања, кои придонесоа досега да има освоено 4 'Златни топки' како најдобар стрелец во Европа.
Сега тој во Лигата на шампионите има вкупно 74 гола во 91 натпревар, а зад него на вечната листа е Раул со 71 гол од 142 настапи. Подвигот на Лео Меси е предизвик за Роналдо кој е засега трет во историјата со 70 погодоци од 107 натпревари. Во историјата на поренашниот Куп на шампионите и Лигата на шампионите има само петмина кои постигнале најмалку 50 погодоци, а меѓу десеттемина се вкупно четворица активни играчи.
Топ 10 листа на најдобри стрелци во ЛШ:
1. Л. Меси 74
2. Раул 71
3. К. Роналдо 70
4. Р. Ван Нистелрој 56
5. Т. Анри 50
6. А. Ди Стефано 49
7. А. Шевченко 48
8. Еузебио 46
9. Ф. Инзаѓи 46
10. Д. Дрогба 44
