24- часовен штрајк на грчките медиуми
26.11.2014 11:10
Новинарите бараат воведување задолжителни колективни договори, исплата на заостанати плати и обновување на работата на затворената Грчка радио и телевизија...

Вработените во грчките медиуми утринава во шест часот прогласија 24 часовен штрајк во знак на протест против политиките на владата.
Новинарите бараат воведување задолжителни колективни договори, исплата на заостанати плати и обновување на работата на затворената Грчка радио и телевизија.
Весниците, радиото и телевизијата утре нема да работат од 11 до 14 часот.
Исклучок ќе бидат дописниците и техничкиот персонал кои се задолжени за покривање на активностите на демонстрациите во целата земја.
