Делегација на Собранието на состанок на Мешовитиот комитет во Стразбур
26.11.2014 11:18
На 12-тиот состанок се очекува да бидат разгледани повеќе прашања во врска со односите на Република Македонија и Европска Унија...

Делегација на Собранието на Република Македонија ќе присуствува на дванаесетиот состанок на Мешовитиот комитет во Стразбур.
На 12-тиот состанок се очекува да бидат разгледани повеќе прашања во врска со односите на Република Македонија и Европска Унија, актуелната политичка ситуација во државата по одржаните предвремени избори, владеењето на правото, реформите во судството и јавната администрација, борбата против корупцијата, потоа за слободата на изразување и медиумите, економските и финансиските случувања, како и за добрососедските односи и регионалната соработка.
