Поради штрајк на грчките железничари, утре во прекин линијата Гевгелија- Солун- Гевгелија

26.11.2014 11:24

Сите патници ќе бидат превезени со автобуси...

Членовите на грчката федерација на железничарите, за утре најавуваат штрајк. Поради тоа, железничкиот сообраќај на релацијата Гевгелија- Солун- Гевгелија ќе биде во прекин.

Сите патници, кои тој ден ќе патуваат од Скопје за Солун, и од Солун за Скопје, ќе бидат превезени со автобуси, соопштуваат од Македонски железници- АД Транспорт.