Четворица полицајци полесно повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
26.11.2014 11:27
Причина за превртувањето било тоа што возачот забележал оти по автопатот, односно по десната сообраќајна лента се движи пешак за кој подоцна било утврдено дека станува збор за Н.А. (65) за кого било утврдено дека бил пријавен дека се оддалечил од дома и во обид да го избегне, полицискиот џип се превртел...

Четворица полицајци се полесно повредени во сообраќајната несреќа што синоќа околу 20 часот и 45 минути се случила на автопатот Тетово – Гостивар, во близина на клучката за Камењане, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Според неговите информации, возачот на полицискиот „Ландровер“ 33-годишен полицаец од Гостиварско загубил контрола врз возилото по што се превртеле на покривот. Возачот и тројцата сопатници, исто така полицајци, се здобиле со телесни повреди и по укажаната помош во Тетовската клиничка болница се пуштени на домашно лекување.
Според информациите од Јосифоски, причина за превртувањето било тоа што возачот забележал оти по автопатот, односно по десната сообраќајна лента се движи пешак за кој подоцна било утврдено дека станува збор за Н.А. (65) за кого било утврдено дека бил пријавен дека се оддалечил од дома и во обид да го избегне, полицискиот џип се превртел. Во несреќата пешакот не бил повреден, а материјалната штета се проценува на околу 300.000 денари.
