Демонстранти блокираа автопат во Кливленд
26.11.2014 12:14
Протест против полицаецот кој уби 12-годишно момче поради пиштол играчка...

Во Кливленд, демонстранти блокираа автопат во протест против полицаецот кој уби 12-годишно момче поради пиштол играчка.
Тамир Рајс беше застрелан во саботата од полицаец кој излегол на терен по анонимна пријава дека на игралиштето некој мавта со веројатно лажен пиштол.
Момчето ги игнорирало повиците да ги крене рацете и наместо тоа посегнало по пиштолот.
