Фатен таксист кој превезувал Сиријци
26.11.2014 12:23
Возачот и странските државјани се приведени за понатамошна постапка...

Во близина на Неготино полициски службеници сопреле такси возило „мерцедес“ управувано од Г.Г.(47) од Скопје.
Во него биле пронајдени двајца сириски државјани. Возачот и странските државјани се приведени за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.
