Незири: Нема реекспорт од Македонија во Русија
Комисијата задолжена за испитување на обвинувањата од руска страна за реекспорт на европски земјоделски производи од Македонија во Русија вчера пред Владата го доставила извештајот...

Целиот извоз од Македонија за Русија на земјоделски производи се состои од македонски производи, констатирала Владата на вчерашната седница, изјави денеска министерот за економија, Беикм Незири.
Тој посочи дека комисијата задолжена за испитување на обвинувањата од руска страна за реекспорт на европски земјоделски производи од Македонија во Русија вчера пред Владата го доставила извештајот според кој сите македонски компании извезувале само македонски земјоделски производи во Русија и воопшто не го прекршиле законот.
Нашите заклучоци ќе ги доставиме до Руската Федерација за да се направи споредба со нивните и очекуваме во најскоро време овој случај да биде затворен, рече министерот Незири.
