Со „пари за сеење“ ќе заживува европската економија
Со нив ќе се поттикнуваат приватниците да го обезбедат останатиот дел од парите. Планот ќе им олесни на националните влади кои се соочуваат со големи долгови...

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, ги откри деталите од планот за оживување на европската економија. Европската економија ќе се оживува со инвестициски план од 315 милијарди евра. Клучниот дел од него е фонд од 21 милијарда евра, наречени „Пари за сеење“.
Со нив ќе се поттикнуваат приватниците да го обезбедат останатиот дел од парите. Планот ќе им олесни на националните влади кои се соочуваат со големи долгови.
„На крајот на оваа драматична фаза на финансиски тешкотии, очекувавме заздравувањето да биде побрзо. Но тоа не се случи и затоа треба да привлечеме јавни и приватни инвестиции за да ја поттурнеме економијата“, вели Жан Клод Јункер, претседател на ЕК.
