Полска продолжува со поддршката на Македонија во евроинтеграциите
Според министерот Попоски, полското искуство е значаен адут бидејќи земјата имаше особени успеси во процесот на пристапување со надминување на јазот меѓу земја која штотуку пристапува и постојаните членки...

Полска останува пријател на Македонија и продолжува со поддршката за евроинтеграциите. Полското искуство покажува дека ЕУ фондовите треба мудро да се користат.
Полска ексклузивно и на многу отворен и конструктивен начин ги споделува тие искуства, а сметаме дека и во следниот период со значењето и тежината на Полска тоа ќе биде еден наш силен адут за побрзо и поефикасно пристапување кон ЕУ, рече македонскиот шеф на дипломатијата Никола Попоски.
Според министерот Попоски, полското искуство е значаен адут бидејќи земјата имаше особени успеси во процесот на пристапување со надминување на јазот меѓу земја која штотуку пристапува и постојаните членки.
Успеавме да го надминеме јазот со побогатите членки на ЕУ во однос на кохезиската политика и инфраструктурата. Европските фондови кај нас одиграа улога на браник од економската криза која започна во 2008 година. Полска беше единствената членка на ЕУ со раст на БДП од 4 проценти за разлика од другите кои имаа околу половина процент. Тука е значајно искуството на Полска дека ЕУ-фондовите кога ќе се искористат мудро во соработка на Владата и локалните власти ја спречуваат кризата и го зголемуваат извозот и соработката со другите земји, истакна Марчин Кувјак, државен потсекретар во Министерството за инфраструктура и развој.
