Средношколец избоден со нож

26.11.2014 13:40

Од итната медицинска помош биле констатирани телесни повреди, кои за среќа не биле сериозни...

По вербална расправија повреден еден средношколец во близина на трговскиот центар Лептокарија. Инцидентот се случил околу 10 и 30 часот.

Од итната медицинска помош биле констатирани телесни повреди, кои за среќа не биле сериозни. Приведено е лицето кое со нож го нападнало својот соученик.

Тој бил од село Грчец. По обидот да му наштети на средношколецот се дал во бегство. Полицијата по расчистување на насобраната толпа средношколци, за кусо време го привела. Кај него е најдено оружјето со кое е извршен нападот.

 

Наташа Гркова-Петрушевска