Затвореник пронајден мртов во струшкиот затвор

26.11.2014 13:47

Затвореникот бил на возраст од 35 години и бил осуден за кривично дело загрозување на сигурноста. Како што ни изјавија од затворот во Струга, безживотното тело било пронајдено вчера утрото околу 9 часот од неговите цимери...

Безживотно тело на затвореник вчера е пронајдено во казнено поправната установа во Струга.

Затвореникот бил на возраст од 35 години и бил осуден за кривично дело загрозување на сигурноста. Како што ни изјавија од затворот во Струга, безживотното тело било пронајдено вчера утрото околу 9 часот од неговите цимери.

Телото било потсинато и се претпоставува дека починал од инфаркт. После утврдувањето дека нема знаци на живот веднаш била повикана Брзата помош и била констатирана смрт. На лице место дошла и полицијата која извшила увид и разговор со присутните во затворот.

Затвореникот бил од Битола. Бил осуден на казна затвор од една година и девет месеци за две кривични дела за загрозување на сигурноста и тешка кражба.

Затвореникот од својата 12 година бил зависник од алкохол а од 15-тата година и зависник од дрога. 36 пати починатиот претстојувал во душевната болница во Демир Хисар, велат од затворот во Струга.

Телото на починатиот по наредба на јавниот обвинител е предадено на обдукција, а започната е истрага за да се откријат причините за смртта.

Јованчо Наумоски