Адеми: До петок треба да се реши проблемот со греење во кичевските училишта

26.11.2014 13:52

Адеми вели дека градоначалниците се тие кои мора да вршат контрола врз работата на училиштата и за тоа како се трошат овие пари, затоа што се под нивна надлежност.

До петок треба да се надмине проблемот со греењето во кичевските училишта. Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми информираше дека општините треба рационално да менаџираат со парите за греењее кои ги добиваат од блок дотациите.

Адеми вели дека градоначалниците се тие кои мора да вршат контрола врз работата на училиштата и за тоа како се трошат овие пари, затоа што се под нивна надлежност.

Веќе петта недела околу 1.000 ученици од неколку кичевски училишта не одат на училиште.

Бирото за развој на образованието ќе треба да изготви скратена програма за се надокнадат изгубените часови кои според Адеми, учениците ќе треба да ги одработуваат  во саботите.