За безбедна Нова година - кампања за штетноста од употребата на петарди

26.11.2014 14:00

Полицијата најавува ригорозни мерки против нелегалните продавачи и дистрибутери на пиротехничките средства...

СВР-Скопје, Црвениот крст и мисијата на ОБСЕ ја почнуваат кампањата  за безбедна 2015-та година и штетноста од употребата на петардите. 
 
Според началничката на одделението за превенција во СВР Скопје Билјана Милевска, оваа кампања најмногу е насочена кон малолетната популација.
 
Сакам да упатам апел, пред се до родителите да не им купуваат петарди на своите деца и посебно, не со свој пример да им покажуваат дека употребата на петардите и другите пиротехнички средства е пожелна сценографија за новогодишните и божикните празници, рече Милевска.
 
Полицијата најавува ригорозни мерки против нелегалните продавачи и дистрибутери на пиротехничките средства.