Пет деца настрадаа во пожар во Тексас

26.11.2014 14:22

Од огнената стихија спасено е двегодишно дете и двајца возрасни, родителите на децата...

Пет деца настрадаа во пожар кој избил во куќа во Една, Јужен Тексас. Началникот на градската прпотивпожарна екипа потврди дека децата се на возраст од пет до 15 години. Од огнената стихија спасено е двегодишно дете и двајца возрасни, родителите на децата.

„Се чувствувам многу лошо. Таткото на децата сакаше да им помогне, но го одвративме од намерата, можеше и тој да загине“, вели соседка на настраданите.

Пожарот започнал од кујната, но се уште не е позната причината.