Експерти: Јункер останува на чело на ЕК, но не без последици
Изминативе денови Европската Комисија делуваше прилично сигурно во цврстата позиција на Јункер- сепак експертите сметаат дека скандалот со „Лукс Ликс“ системот за избегнување на даноците во Луксембург, ги покажа слабостите на изборниот систем за водечките позиции во Европската Унија...

Јункер ќе остане на челната позиција на Европската Комисија, оценуваат експертите во Брисел, но не без долгорочни последици, кои во иднина ќе имаат индиректно влијание во одлуките на неформалната влада на Европа.
„Сепак мислам дека оваа афера го оштети, во смисла на прашањето на довербата, во прв ред довербата од државите членки во новата комисија, но очекувам дека тој ќе опстане и ќе има шанса да се докаже“, смета Фабиан Зулег, извршен директор на Европскиот политички центар.
„Јас мислам тоа ќе покаже дека луѓето не го почитуваат веќе, може да ја задржи почитта од Владите или политичарите. Имате ситуација каде првиот човек на Европската комисија вели дека треба да се штеди, а во меѓувреме во неговата држава нема никакви или мали даноци, тоа допринесува луѓето да не му веруваат“, смета Рикард Јозиак новинар- аналитичар.
Изминативе денови Европската Комисија делуваше прилично сигурно во цврстата позиција на Јункер- сепак експертите сметаат дека скандалот со „Лукс Ликс“ системот за избегнување на даноците во Луксембург, ги покажа слабостите на изборниот систем за водечките позиции во Европската Унија. Тој беше слаб кандидат и порано, а после ова сметам дека ќе биде уште полсаб- вели Јожиак.
Збирот на околностите поврзани со изборот на Јункер е тема на анализа на извршниот директор на Европскиот политички центар, Фабиан Зулег.
„Можеме да видиме дека некои пратеници, особено од популистичките антиевропски партии се обидуваат да поентираат, во смисла дека Европската Унија не може да ја водат лидери со симптоматично минато, не- избрани од граѓаните“, вели Зулег.
За МРТ Зулег изјави дека европските пратениците пред се треба да бараат измени со кои би се почитувале европските вредности во сите области вклучително и изборот на лидерските позиции.
Марина Стојанова-Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
