Чешка силен подржувач на Македонија во напорите за поголем економски раст

26.11.2014 14:43

Ставрески со порака до чешките компании – Македонија е отворена за соработка во земјоделската и прехранбената индустри...

Македонската и Чешката економија имаат добар економски раст, висок степен на макроекономска стабилност, ниско ниво на задолженост од околу 40 насто од БДП.

Како во земјата кандидат за члеснтво во Унијата функционира даночниот систем, кои се инвестициските потенцијали – на средбата со вицепремиерот и министер за финансиси Ставрески, се фокусирал неговиот чешки колега Бабиш. Размениле искуства за економските политики, како да се создаде поголем економски амбиент и раст на економиите. Договориле соработка на експертско ниво.

Според Бабиш, за Чешка е интересно што Македонија, како ретко која друга земја има позитивен извоз во Германија преку фирми кои се влезени како странски инвестиции во земјата, каде имаат производствени погони.

Ставрески со порака до чешките компании – Македонија е отворена за соработка во земјоделската и прехранбената индустрија.

„Го информирав Бабиш за даночните политики кои од негова страна беа оценети како атрактивни и погодни за инвеститорите, позитивно истакнато во контекст на привлекување инвеститори од автомобилската индустрија кои овозможуваат висок извоз“, рече вицепремиерот Ставрески.

Од Прага пораката- Чешка ќе остане силен подржувач на Македонија во напорите за повисок економски раст и интегрирање во ЕУ. Повеќе од трисетина чешки фирми од владината делегација слушнаа за инвестициските потенцијали на Бизнис форумот.

 

Сузана Фиданска- Стоевска