Дваесет инвестиции и повеќе илјади работни места во 2014
Во 2014 нови идеи, нови инвестиции - истакна во обраќањето до граѓаните на РМ претседателот на Владата Никола Груевски.
Во 2014 нови идеи, нови инвестиции - истакна во обраќањето до граѓаните на РМ претседателот на Владата Никола Груевски.
„Најавени се 20 нови странски инвестиции кои ќе донесат повеќе илјади нови вработувања во автомобилската индустрија, информатичките технологии, земјоделието, текстилот и во металургијата. Невработеноста е, сепак, се уште висока, но да не заборавиме дека падна од 38 насто во 2006, на сегашните 28,7 проценти. Подготвени сме за ЕУ и за НАТО, кога ќе не прифатат такви какви што сме укажувајќи на неколку предизвици кои се пречка за нашето полноправно членство, и кои произлегуваат од јужниот сосед“, посочи премиерот, честитајќи им ја Новата година на македонските државјани. Груевски го истакна донесувањето на неколку закони, меѓу кои, законот за медиуми, создаден по компромис и преговори со новинарската фела.
