Шеснаесет меча со осминафинален шмек!
Шампионот Реал Мадрид нема осминафинални грижи, а само теорија може да го симне од првото место во групата Б. За неверојатно сценарио, кралскиот клуб треба да ги загуби двата меча, притоа Базел да освои шест бода, но и да го декласира Реал на домашен терен со 4:0 или со пет разлика...

Четири екипи по вечерашното петто коло можат да обезбедат осминафинале во фудбалската Лига на шампионите.
Тоа сигурно ќе го направи победникот во дуелот во Мадрид меѓу Атлетико и Олимпијакос. Финалистот од минатата сезона може да се пласира во нокаут фазата и со бод доколку Јувентус загуби на гостувањето кај Малме.
И Швеѓаните можат да влезат во игра во групата А со евентуелан триумф, но и славје на Атлетико. Старата дама е под императив на победа затоа што во случај на ист број бодови има послаб меѓусебен биланс со грчкиот првак.
Шампионот Реал Мадрид нема осминафинални грижи, а само теорија може да го симне од првото место во групата Б. За неверојатно сценарио, кралскиот клуб треба да ги загуби двата меча, притоа Базел да освои шест бода, но и да го декласира Реал на домашен терен со 4:0 или со пет разлика. Швајцарците уште вечерва можат да обезбедат нокаут рунда, но под два услова, да слават против Реал, а Ливерпул да не победи на гостувањето во Софија кај Лудогорец.
Како лидер, Баер Леверкузен е во најдобра позиција во групата Ц. Со триумф дома против Монако, Гермаците ќе бидат меѓу најдобрите 16 европски екипи. Истото ќе се случи и со бод доколку Зенит дома не ја совлада Бенфика. Освои ли три бода на БајАрена, на Монако во последното коло во Монте Карло ќе му биде доволно и нерешено против Зенит.
Реми во Лондон, ќе значи дека Арсенал ќе и се приклучи на Борусија во осминафиналето. Со ваков исход не би биле незадоволни ниту фудбалерите од Дортмунд бидејќи тоа би значеле дека ќе завршат како први во групата Д. Борусија има 12, Арсенал 7 бода, односно пет повеќе од Андерлехт којшто теоретски не е без шанси. Белгијците вечер ќе го пречекаат Галатасарај.
Преносот од дуелот на „Емирати“ ќе биде на МРТ1 во 20 и 45, како главна содржина во емисијата којашто ќе почне половина час порано.
