ФЗОМ: Од март навремена исплата на боледувањата и породилното
Фондот за здравство со нови мерки. Осигуреникот навреме ќе добива пари без разлика дали фирмата ги исплатила придонесите или не...

Олеснувања за исплата на породилни отсуства и боледувања. Фондот за здравство со нови мерки. Осигуреникот навреме ќе добива пари без разлика дали фирмата ги исплатила придонесите или не.
Ќе се гарантира и исплата на надоместокот за породилно за лицата кои се вработени со договор за определено време и ако тој биде прекинат за време на породилното отсуство. Останува обврската да бидат плаќани придонесите шест месеци пред отворањето на породилното отсуство.
За таа цел, како што информираше на денешната прес-конференција директорката на ФЗОМ Маја Парнарџиева - Змејкова, Владата на вчерашната седница е усвоен модел кој треба да овозможи навремена исплата на надоместоците или пак за одредени лица можност првпат да ги остварат правата на вакви надоместоци. За тоа, појасни, се потребни и законски измени кои треба да бидат усвоени во наредните три месеци и да почнат да се применуваат од март наредната година.
