Роботиката е иднината, на ФЕИТ претставени достигнувањата во оваа сфера
26.11.2014 15:35
Уште еден доказ дека со малку пари може да се направат технички средства со високи перформанси...

На Eвропскиот ден на роботиката претставени се иновациите на иднината. Уште еден доказ дека со малку пари може да се направат технички средства со високи перформанси.
На Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ, денеска беа изложени роботи изработени од студенти на Факултетот, во рамките на одбележувањето на Европската недела на роботиката која почна завчера, а ќе трае до 30-ти ноември.
Целта на ФЕИТ, во вклучувањето на одбележување на европската недела на роботиката, според деканот Миле Станковски е да ги прикаже сопствените, но и достигнувањата на Република Македонија во оваа сфера.
