Приведен насилникот кој прободе две момчиња во Ново Лисиче

26.11.2014 15:59

Двете момчиња од населбата кои џогирале во близина му пришле да му помогнат по што насилникот извадил нож и им нанел неколку убоди и побегнал.

Полицијата го приведе 18 годишниот скопјанец кој минатата недела со нож прободе две момчиња во населбата Ново Лисиче.

Според информациите насилникот по забавата во една од зградите бил во алкохолизирана состојба и повраќал на плочникот. Двете момчиња од населбата кои џогирале во близина му пришле да му помогнат по што насилникот извадил нож и им нанел неколку убоди и побегнал.

Повредените биле префрлени во болница, од кои едниот со потешки повреди. За среќа го преживеа нападот.

Судија на претходна постапка на осомничениот му одреди 30 дневен притвор.