Топаловски: Ќе ја прифатам секоја коректна и човечка пресуда

26.11.2014 16:01

Топаловски кој од Доминиканската република беше екстрадиран во земјава во април годинава одговара за убиство...

Ќе ја прифатам секоја коректна и човечка пресуда, изјави во завршен збор обвинетиот за двократното убиство кај зоолошката градина Ѓорги Топаловски. Роднините на убиените Новица Благоевиќ и Андреј Филип побараа вкупно 750 илјади евра отштета заради нанесена душевна болка.

Топаловски кој од Доминиканската република беше екстрадиран во земјава во април годинава одговара за убиство. Вештачењето покажа дека убиството го сторил во силна афектна состојба, откако претходно бил истепан од жртвите. Пресудата ќе биде изречена во петок.