Уапсени над десетици сомнителни лица

Голема акција на руската полиција.

31.12.2013 14:58

Руската полиција уапси десетици лица за време на проверки во градот Волгоград, по низата терористички напади, при што загинаа над 30 лица, а многумина беа повредени. Во пресрет на ЗОИ во Сочи што треба да се одржат во февруари, напнатоста во земјата се зголемува, а граѓаните стравуваат од нови напади.  Претседателот Путин ја подигна безбедноста на највисоко ниво. Заедно со генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун констатирале дека се потребни заеднички напори во борбата против тероризмот.

Железничка несреќа на неколку километри западно од гратчето Каселтон во американската држава Северна Дакота. Судирот на двата воза, од кој едниот превезувал нафта, предизвикал серија силни експлозии. Во пожарот изгореле 10 вагони, а 56 се оштетени. Нема информации за загинати. Властите наредија евакуација на населението поради густиот чад.

,,Никогаш не сум видела нешто вакво.,, велат очевидците.

Полицијата ја испитува причината за несреќата.