Градежништвото останува двигател на економскиот раст
Новиот претседател на градежната комора, Роберт Хот очекува по намалувањето на каматните стапки и пад на цената на становите...

Градежништвото и натаму ќе биде двигател на економскиот раст - велат од градежната комора. За наредната година во градежништвото се очекува раст од 7,5 %. Новиот претседател на градежната комора, Роберт Хот очекува по намалувањето на каматните стапки и пад на цената на становите.
„Каматните стапки паднаа, граѓаните полесно ќе доаѓаат до кредити, очекуваме намалување на цената, меѓутоа не за некој голем процент“, изјави претседателот на Градежната комора, Роберт Хот.
Според Сојузот на стопански комори изградбата на регионална и на локална инфрастуктура ќе обезбеди непречен проток на стоки и на услуги, со што ќе има поголемо раздвижување на македонската економија. Ќе се поттикнат домашните инвеститори, а ќе се привлечат и повеќе странски инвеститори.
„Нашите компании и членови се дел од оние компании кои работат на патната локална и регионална инфраструкура и кои работат како подизведувачи на капиталните инвестиции во Република Македонија“, изјави претседателот на ССК, Данела Арсовска.
Комората очекува новите законски измени во градежништвото , кои се во собраниска процедура, да го подобрат квалитетот на домувањето.
Последниве години градежништвото континуирано го зголемува учеството во БДП. Ако во 2008-та изнесувале 4%, лани било зголемено на 7%.
Дијана Ценевска
