Од март гарантирана и навремена исплата на боледувањата и породилното

26.11.2014 16:17

Освен осигуреникот и фирмата, боледувањата ќе можат да ги отвораат матичниот гинеколог и болницата. На овој начин ќе се елиминираат грешките во пресметката на висината на надоместокот...

Од март, Фондот за здравствено осигурување ќе го исплаќа породилното отсуство и боледување. Гарантира исплата, без разлика, дали фирмата навремено ги уплаќале придонесите или дали е во стечај. Газдите ќе имаат обврска само навреме да ги доставуваат податоците. Право на надомест ќе имаат и оние со договор на определено време и по истекот на работниот однос, но, под услов во фирмата да работеле шест месеци.

„Со законските измени лицата кои што се на породилно со договор на определено време кога ќе им почне породилното ќе им трае девет месеци без разлика дали тие девет месеци тие имале одјава од фирмата односно говорот на определено време им прекинал“, рече Маја Паранџиева Змејкова, директор на ФЗОМ.

Освен осигуреникот и фирмата, боледувањата ќе можат да ги отвораат матичниот гинеколог и болницата. На овој начин ќе се елиминираат грешките во пресметката на висината на надоместокот.

Породилно отсуство или боледување годишно користат околу 21 илјада осигуреници. Од следната година за оваа намена од буџетот на фондот за здравство планирано е да се издвојат околу две милијарди денари.

Андријана Атанасовска