Се унапредува системот за превенција од насилство: Ќе се одзема оружјето на насилниците

26.11.2014 16:27

Ќе се менуваат и дополнуваат законските акти. Надлежните ќе го унапредуваат ситемот за превенција од семејното насилство, особено она насилство во кое се користи оружје службено или приватно, е одлучено на последната владина седница...

За да не се повтори злетовскиот случај, комисија на министерство за одбрана и Генералштабот ќе го разгледуваат трикатното убиство. Министерот за одбрана се огласи за трагедијата која ја предизвика професионален војник на армијата.

„Комисијата ќе донесе препораки што треба да се прави, како да се постапува. Во вакви случаи е потреба соработка на сите институции, од оние кои поднесуваат пријави до оние кои носат пресуди како и центрите за социјални работи“, рече Зоран Јолевски, министер за одбрана.

Ќе се одзема оружјето на насилниците. Ќе се менуваат и дополнуваат законските акти. Надлежните ќе го унапредуваат ситемот за превенција од семејното насилство, особено она  насилство во кое се користи оружје службено или приватно, е одлучено на последната владина седница.

„Оние службени лица коишто во извршувањето на своите службени задачи по сила на закон имаат допир со оружје, доколку евентуално би биле пријавени дека се сомничат за извршување на определено дело кое во себе содржи елемент на насилство, во соодветна процедура да биде ограничена можноста за нивен допир со оружјето коешто службено го поседуваат и го употребуваат во вршење на своите службени задачи“, рече Александар Ѓроѓиев, портпарол на Владата.

Посебна работна група со претставници од полиција, одбрана, социјала, во рок од една недела треба да обезбедат информации за креирање нова законска регулатива. Надлежните се решија  на ваков чекор по двете убиства за еден месец во кои имаше 6 жртви.

Наташа Јанчиќ