Позитивни искуства од Кембриџ: Зголемена самодовербата и критичкото мислење кај основците
Државата ја воведе оваа образовна реформа за идните, но и сегашните генерации да имаат подобро и поквалитетно образование. За бесплатните учебници, Владата во изминативе 8 години одвои 35 милиони евра...

Од досегашното искуство со меѓународната програма Кембриџ, наставниците велат дека децата полесно го совладуваат материјалот. Лекциите ги учат преку реални ситуации и повеќе истражуваат. Наставната програма по која учат и британските основци, според нив, ја развива самодовербата и критичкото мислење кај македонските основците.
Владата обезбеди бесплатни учебници, а општините средства за реализација на наставата. Експертите од Британија летово ги обучија наставниците како да го предаваат материјалот.
„Децата ги усвојуваат целите предвидени со програмата и нема никакви проблеми. Програмата е направена да биде интересна за децата“, изјави Горица Стојанова, одделенски наставник.
„Тоа наставата ја прави поинтересна, а учениците се поактвни“, вели Снеже Ѓорѓиева, одделенски наставник.
Пред неколку недели тим од Кембриџ посети дел од македонските училишта. Оценката беше дека наставната програма одлично е прифатена од учениците.
Од наредната година по Кембриџ програмата ќе учат и основците од 4-то, 5-то и 6-то одделение, а со стартот на 2016-тата и основците од 7-мо до 9– то одделение.
Според ресорното министерство погрешни се информациите дека учебниците не се од Кембриџ и дека учениците уште во прво одделение ќе ги изучуваат предметите хемија, физика и биологија. По оваа програма основците ги учат предметите математика и природни науки адаптирани според нивната возраст.
Државата ја воведе оваа образовна реформа за идните, но и сегашните генерации да имаат подобро и поквалитетно образование. За бесплатните учебници, Владата во изминативе 8 години одвои 35 милиони евра.
Реномиранот Кембриџ образовен систем е најголемиот светски провајдер на меѓународни образовни програми и квалификации за деца на возраст од 5-19 години, прифатени во 160 земји во над 9.000 училишта.
Викторија Тодоровска
