Граѓаните во фокус на пратеничките прашања
И оваа втора, заедничка седница на законодавната со извршната власт, ќе ја отвори ДПА, која во моментов е најбројна опозициска партија во пленарната сала...

Инфраструктура, образование, земјоделие - ова се клучните области за кои законодавната власт ќе бара одговори од владиниот кабинет. Селекцијата на темите е направена врз основа на средбите со граѓаните во пратеничките канцеларии како и од одржаните трибини во изминатиов период.
„Понекогаш чувствуваат потреба и за дообјаснување на некои работи, проблемите кои ги имаат со законските решнија кои во овој момент се на сила во Република Македонија, на некој начин да се дообјаснат и да не замолат и упат како пратеници да интервенираме во таа насока, односно во подобрување на некои решенија кои ги има во овој момент. Жешки прашања нема ни за нас како пратеничка група ни за Владата. За сите прашања сме спремни да ги псотавиме и да добиеме договор“, рече Зоран Илиоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
И оваа втора, заедничка седница на законодавната со извршната власт, ќе ја отвори ДПА, која во моментов е најбројна опозициска партија во пленарната сала. Следниот или следната на говорница ќе биде една од трите независни пратенички. Потоа според деловничките правила е редот на пратениците од мнозинството. На листата на ВМРО-ДПМНЕ пријавени 21 пратеник. 31 место на најголемата опозициска партија и овојпат ќе останат празни. Во моментов тие како што велат се концентрирани на реализација на стратегијата за којашто и на вчерашната седница на извршниот одбор ги анализирале ефектите од досегашното теренско работење.
Виолета Димовска
