Владата одговори на руските барања

26.11.2014 17:33

Тамошните медиуми информираа дека детално се проверува увозната документација за грозјето, јаболката и зелкатакои биле декларирани како македонски. Стопанската комора беше децидна дека нема сознанија за наводен реекспорт, а мешовитата комора вели дека нема поизразено зголемување на нашиот извоз во Руската Федерација...

Уште во понеделник по дипломатски пат за Москва била испратена целокупната документација на македонските државните институции што ја побара руската федерална Агенција за санитарна и фитосанитарна контрола.

„Целокупните материјали се предадени, во нив се содржат определени позиции, ставови, мислења, аргументација и одговор на барањата коишто ги имавме од страна на Руската Федерација, тие се доставени и во моментов трае процесот на комуникација и консултација со руската страна. Се работи за една дипломатска активност кадешто од битно значење е почитување на принципот на доверливост“, рече Александар Ѓеоргиев, портпарол на Владата.

Тоа е практично одговор на сомнежот од руска страна дека наводно преку македонски фирми бил вршен реекспорт на стоки од ЕУ во Русија.

Тамошните медиуми информираа дека детално се проверува увозната документација за грозјето, јаболката и зелкатакои биле  декларирани како македонски. Стопанската комора беше децидна дека нема сознанија за наводен реекспорт, а мешовитата комора  вели дека нема поизразено зголемување на нашиот извоз во Руската Федерација.

„Континуирано се извезуваат праски, јаболки, компир, зелка и други продукти коишто реално се произведуваат во Република Македонија и имаме зголемување во однос на количината со тоа и во однос на сумата на извоз, меѓтуоа сметаме дека тоа е и нормално“, рече Дејан Бешлиев, директор на Македонско-руската стопанска комора.

Забраната за увоз на храна од земјите на ЕУ, САД, Австралија и Норвешка, Русија се обидува да ја надополни со импорт од Латинска Америка, Турција, Израел, Нов Зеланд, Србија, Грузија, Ерменија. Најголеми штети трпат Полска, Литванија и Финска. Италија пресметала дека само фармерите санкциите ги чинеле 116 милиони евра.

Свето Николовски