Грција од утре ќе раководи со Унијата
Грција од утре го презема шестмесечното претседавање со Европската унија, со скромен буџет од 50 милиони евра и уште поскромни очекувања. Свесни дека многу европски земји ги обвинуваат за вовлекувањето на другите во економска и финансиска криза, Грците ветија дека нивното претседателство ќе биде „спартанско“. Важни пресврти во внатрешната и во надворешната политика на ЕУ не се очекуваат. Поголем дел од мандатот ќе помине во знакот на изборот за Европскиот парламент, што ќе се одржи во април наредната година.