Прекин на железничкиот сообраќај кон Грција

27.11.2014 08:46

Сите патници кои ќе патуваат од Скопје за Солун или од Солун за Скопје ќе бидат превезени со автобуси...

Патничкиот железнички сообраќај на релацијата Гевгелија - Солун - Гевгелија денеска ќе биде во прекин поради најавениот штрајк на членовите на Грчката федерација на железничарите.
 
МЖ Транспорт АД - Скопје информира дека сите патници кои ќе патуваат од Скопје за Солун или од Солун за Скопје ќе бидат превезени со автобуси на релацијата Гевгелија - Солун - Гевгелија.