Европскиот парламент со поддршка за евроинтеграцијата на Македонија

27.11.2014 11:10

Двата копретседавчи на Мешовитиот комитет, Кенан Хасипи и Алојз Петрле, изразија жалење што нашата земја се уште не ги има почнато преговорите за членство...

Европскиот парламент ја поддржува евроинтеграцијата на Република Македонија, потврда на ова е Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – ЕУ, кој по неколку одложувања и изборите конечно се одржува. Во воведните зборови двата копретседавчи Кенан Хасипи и Алојз Петрле, изразија жалење што нашата земја се уште не ги има почнато преговорите за членство.

Хасипи притоа пред своите колеги од Стразбур нагласи дека во земјата започнува да се раѓа евроскептицизам кај граѓаните, заморени од чекањето.

„Не бараме милост, туку да бараме да бидат применети принципите на правото“ – рече Хасипи, повикувајќи ги грчките и бугарските европратеници да подадат рака за да земјата влезе во ЕУ.

Истото со други зборови го рекоа и преостанатите челнови на македонскиот дел од комитетот, пратениците Артан Груби, Антонио Милошоски, Силвана Бонева, Владимир Ѓорчев и Беким Фазлиу.

Но, во европскиот дел на Комитетот, постои извесна поделеност во однос на давањето на датум за преговори. Од едната страна хрватските и словенечките европратеници кои даваат силна поддршка, додека од друфга страна бугарските и грчките кои го условуваат со нивните услови за добрососедство според нивната замисла, како и посочувањето на грчките европратеници дека опозицијата од СДСМ е отсутна од Собранието и од делегацијата која допатува во Стразбур.

Македонските претставници во Комитетот меѓу кои и од опозициската ДПА, беа едногласни по прашањето на мерливоста на исполнувањето на критериумите за членство на Македонија, што е потврдено и со шест препораки од Европската комисија за старт на преговорите.

„Се укажувањата за политичкиот дијалог и водењето на овак дијалог во рамките на собранието и иснтитуциите на земјтаа, добрите меѓуетнички односи и фокусот з абрзо наоѓање на отворените прашања со соседите“, изјави вицепремиерот Фатмир Бесими.

Мешовитиот паралменатерен комитет завршува без усвојување на заедничка препорака, наместо која двата копретседавчи ќе излезат со заедничка изјава за содржината на дводневните разговори во Стразбур.

Тони Гламчевски