Денот на благодарноста во сенка на протестите низ САД
И натаму најжестоки се протестите во Фергусон. Во немирите пукано е во два агента на ФБИ. Неколкумина демонстранти влегле во градското собрание на Сент Луис...
Во екот на протестите низ целата територија на САД, Денот на благодарност е ставен во сенка. Демонстрациите се проширија во повеќе од 170 американски градови. И натаму најжестоки се протестите во Фергусон. Во немирите пукано е во два агента на ФБИ. Неколкумина демонстранти влегле во градското собрание на Сент Луис.
„Демонстрантите го загрозуваат јавниот ред и мир. Единствено притворот е надеж дека ќе ги растераме од улиците“, вели портпаролот на полицијата во Лос Анџелес.
Гувернерот на Мисури распореди околу 2.200 пипадници на Националната гарда околу Фергусон.
Ширум територијата на САД уапсени се 400 демонстранти. Освен протести САД ги зафати уште една снежна бура.
Над три илјади летови се откажани во североисточниот дел на Америка. Невремето најмногу ги зафати Бостон, Филаделфија, Њујорк и Вашингтон.