Хаити сеуште се бори со колерата

27.11.2014 11:29

Лекарите од организацијата лекари без граници велат дека повеќе од 3.000 луѓе имаат симптоми на колера, и за нив е потребен итен третман...

Здравствениот систем на Хаити се уште нема капацитет адекватно да му пристапи на лекувањето на пациентите заболени од колера.

Лекарите од организацијата лекари без граници велат дека повеќе од 3.000 луѓе имаат симптоми на колера, и за нив е потребен итен третман.

„Во последниве 4-5 недели, беа третирани речиси 3.000 пациенти за симптоми на колера, во центрите за лекување на колера Доктори без граници. Со дождовната сезона бројот би можел да расте“, вели Оливер Шулц, шеф на мисијата на Доктори без граници.

Епидемијата на колера во Хаити започна во 2010 година, кога починаа 8.500 луѓе.