Владата обезбеди нафта за греење и превоз: Учениците од Кичево се враќаат на настава
27.11.2014 12:56
Владата одобри 50 тони нафта од државните резерви за греење и 10 тони нафта за превоз на учениците до училиштата...

Учениците од Кичево се враќаат во школските клупи. Владата одобри 50 тони нафта од државните резерви за греење и 10 тони нафта за превоз на учениците до училиштата.
Бирото за развој на образованието подготви посебна програма со која ќе се надополнат загубените наставни денови на повеќе од илјада ученици кои скоро 5 недели поради немање греење не посетуваа настава, соопшти заменик министерот за образование Спиро Ристовски.
