Регионалната конференција посветена на реформите во полицијата
На конференцијата ќе се даде првична проценка за начинот на кој се применува или како функционира Законот за кривична постапка, иако, смета Јанкулоска, вообиачено за ваква сложена реформа е потребно повеќе време за да се даде вистинската оценка...

Стапувањето во сила на новиот закон за кривична постапка е пресвртница во целокуниот кривично-правен систем, гаранција за почитувањето на правата на граѓаните, но и нова современа алатка за поголема ефикасност, нагласи министерката Гордана Јанкулоска на отворање на Регионална конференција посветена на реформите во полицијата.
На конференцијата ќе се даде првична проценка за начинот на кој се применува или како функционира Законот за кривична постапка, иако, смета Јанкулоска, вообиачено за ваква сложена реформа е потребно повеќе време за да се даде вистинската оценка. Сепак, подвлече, првичните резултатие се повеќе од видливи.
Според Јанкулоска, ваквите конференции се најдобар начин за споделување искуства со колегите од целиот реигон, да се црпат знаења од сите тие искуства и да се адресираат евентуалните пропусти и грешки, за да се подобри функционирањето на кој било систем, вклучително и системот што се однесува на кривичната постапка.
