Грција парализирана од штрајк и масовни протести

27.11.2014 13:34

Во Атина се затворени државните и општинските институции, а болниците примаат само итни случаии...

Генерален штрајк и масовни протести со молк на медиумите во Грција. Работата на државниот и приватниот сектор парализирана.

Во Атина се затворени државните и општинските институции, а болниците примаат само итни случаии.

Транспортот работи со скратен распоред. Во штрајк се и медиумите, освен  новинарите  кои ги покриваат протестите.