ОПЕК расправа како да го сопре падот на цената на нафтата

27.11.2014 13:38

Аналитичарите очекуваат највлијателните земји да се обидат да договорат ограничување на дневното производство, што би требало да ја крене цената на нафтата на прифатливо ниво. Но, во ОПЕК има поделени мислења за ваквата тактика...

Министрите на земјите челенки на ОПЕК во Виена ќе расправаат за запирање на падот на цената на суровата нафта на светските берзи.

Аналитичарите очекуваат највлијателните земји да се обидат да договорат ограничување на дневното производство, што би требало да ја крене цената на нафтата на прифатливо ниво. Но, во ОПЕК има поделени мислења за ваквата тактика.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт не сакаат да прифатат намалување, затоа што ниската цена, според нив, е можност да се изборат со конкуренцијата на американскиот пазар, на кој се повеќе влегуваат производители на нафта од шкрилци.

Наспроти овие земји, Иран и Венецуела упорно бараат помало производство.

Цената на суровата нафта од летоска е намалени за третина.