Кошарка – НБА

Дерозан ја запре Атланта

27.11.2014 13:47

На западот на врвот е Мемфис откако се радуваше во Лос Анџелес кај Лејкерс со 99-93. „Гризлите“ од Мемфис имаат 13 победи и два пораза, а веднаш до нив е Голден Стејт...

Атланта на Перо Антиќ загуби од Торонто пред своја публика со 126-115. Македонскиот инатернационалец постигна пет коша, а оствари и три скока и една асистенција за 17 минути на паркетот. Дерозан беше водач на Торонто со 27 поени. За Атланта заврпи низата од два триумфа, а Торонто и натаму е прв на истокот со 13 победи на 15 натпревари. Со биланс 9-5, далеку назад во конференцијата е второпласираниот Вашингтон, кој ноќеска претрпе убедлив пораз во Кливленд со 113-87.

На западот на врвот е Мемфис откако се радуваше во Лос Анџелес кај Лејкерс со 99-93. „Гризлите“ од Мемфис имаат 13 победи и два пораза, а веднаш до нив е Голден Стејт кој се враќа со успех од Орландо, 111-96. Високо котираат и Портланд и Хјустон со ефект 12-3. „Блејзерс“ синоќа славеа во Шарлот со 105-97, а Хјустон дома против Сакраменто со 102-89.

Во дербито на истокот, Кливленд се радуваше против Вашингтон со 113-87, а Леброн Џејмс беше незапирлив со 29 коша, десет скока и осум асистенции.  Одличен ефект од 28 поени оствари Ману Џинобили во триумфот на актуелниот шампион Сан Антонио на гости кај Индијана со 106-10. Филаделфија и натаму е во амбис, 15-ти настап – 15-ти пораз. Овој пат од Бруклин со 99-91. Конечно на успех се израдува Оклахома која ја прекина низата од шест порази со победа над Јута со 97-82.

Во другите средби од ноќешната програма, Далас – Њујорк 109-102 по продолжение, Детроит – Лос Анџелес Клиперс 98-104, Минесота – Милвоки 86-103 и Феникс – Денвер 120-112.