Раст на просечната плата во септември

27.11.2014 14:00

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември годинава просечната месечна бруто-плата по вработен изнесувала 31.169 денари...

Просечната него плата во Македонија во септември годинава изнесувала 21.278 денари и бележи зголемување од еден отсто во однос на септември 2013 година, објави Државниот завод за статистика. 
 
Зголемувањето се должи на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација за 7,8 отсто, Градежништвото 7 проценти и Рударството и вадење на камен за 6,6 проценти. 
 
Зголемување на просечната нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е  забележано во секторите Земјоделство, шумарство и рибарство за 3,5 проценти, Преработувачка индустрија за 2,4 проценти и Градежништвото за 1,8 отсто. 
 
Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември годинава просечната месечна бруто-плата по вработен изнесувала 31.169 денари. 
 
Во септември 2014 година, 0,9 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.