Клоп го призна поразот од Арсенал
Со оглед дека има два бода повеќе од Арсенал, Борсуија и натаму е главен фаворит за првото место во групата...

По првиот пораз во фудбалската Лига на шампионите, тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп, изјави дека неговиот тим може да игра многу подобро од она што го покажа вчера на „Емирати“ во Лондон. Затоа Арсенал оствари заслужена победа од 2-0 и обезбеди осминафинале во елитната конкуренција.
„Треба да покажеме поголема желба, поголема глад за триумф. И сега не игравме толку лошо, ја додававме топката и ја изнесувавме на задоволителен начин. Ни недостасуваа додавањата пред и во противничкиот шеснаесетник. Ако го направевме тоа, ќе му создадевме повеќе проблеми на Арсенал“, Клоп ги лоцираше причините за поразот.
Со оглед дека има два бода повеќе од Арсенал, Борсуија и натаму е главен фаворит за првото место во групата. За да го обезбеди, во последното коло пред своја публика треба да го совлада Андерлехт кој ги загуби шансите за втората позиција, но со триумфот над Галатасарај со 2-0 се избори за фудбал во елиминациите во УЕФА Европа лигата. Дури и со реми, па и со пораз од белгискиот тим, Борусија може да биде прва во групата „Де“, а со тоа и да има полесен противник во осминафиналето, но вио тој случај ќе зависи од резултатот на мечот во Истанбул меѓу Галатасарај и Арсенал.
