СУГС „Јосип Броз-Тито“ стана енергетски ефикасно училиште

27.11.2014 14:15

Со преземањето на овие мерки за енергетска ефикасност се предвидува заштеда на енергија околу 30%, како подобрување на амбиенталната температура во просториите, а потоа и во намалување на внесената енергија за загревање...

Скопското средно училиште „Јосип Броз –Тито“ стана енергетски ефикасен објект. Градот Скопје активно учествува во праземањето  мерки за енергетска ефикансност во јавните објекти.

Нај свеж пример во кои Градот Скопје може да се пофали дека има еден добар енергетки ефикасен објект е СУГС „Јосип Броз-Тито“. Заменети се речиси сите прозорци во енергетско ефикасни, извршено е замена и на покривот и направена е нова енергетски ефикасна фасада, рече на денешната промоција градоначалникот Коце Трајановски.

Фасадата е направена со финансиска подршка од УНДП и чини 3.905.717 денари, од кои Градот учествува со 2.331.300 денари. Со преземањето на овие мерки за енергетска ефикасност се предвидува заштеда на енергија околу 30%, како подобрување на амбиенталната температура во просториите, а потоа и во намалување на внесената енергија за загревање.

Градот во изминатите години  изврши гасифиција на  две средни училишта, СУГС„Горги Димитров“ и СУГС„Здравко Цветковски“, во тек е и гасификацијата на СУГС „Зеф Љуш Марку“ и СУГС „Арсени Јовков“.

Средствата коишто се инветираат во овој проект се враќаат за помалку од две години, а имаме заштеда од околу 50 %, рече истакна градоначалникот Трајановски.