Мешовитиот парламентарен комитет: Македонија да ги започне преговорите со ЕУ

27.11.2014 15:14

Во Стразбур заврши со работа Мешовитиот парламентарен Комитет Република Македонија –Европска Унија, кој значеше обновување на дијлагот меѓу двата парламентарни, јавува дописникот на MРТ од Стразбур.

Во заедничката декларација потпишана од копретседавчите Кенан Хасипи во името на македонското Собрание и Алојз Петрле во име на Европскиот парламент, се подвлекува важноста на меѓупарламентарните контакти и дискусии. Тие притоа го поздравуваат одржувањето на 12 по ред Мешовитиот парламентарен комитет, кој е во нов состав по изборите во Македонија и за новиот состав на Европскиот парламент.

„На состанокот имаше размена на мислења со Вице-премиерот за европски интеграции на Република Македонија Фатмир Беси, Жан-Жак Паке претставник на Европската комисија, Едуар Оер во името на Европската служба за надворешни акции и Иво Вајгле, известувач при ЕП за напредокот на Република Македонија“, се вели во кратката изјава.

На состанокот стана збор за односите Европска Унија – Република Македонија, политичката ситуација во земјата по парламентраните избори во 2014, владеењето на правото, реформите во судството и во јавната администрација, слободата на изразувањето и медиумите, добрососедските односи, економскиот и финансискиот развој на земјава.

Двата копретседатели истакнуваат дека „ Мешовитиот парламентарен Комитет ќе се стреми да даде вистински придонес во процесот на пристапување и укажуваат на тоа дека тие ќе се стави сите свои напори за подобрување на севкупниот политички контекст, како и за изнаоѓање на излез од сегашното тековно одложување на процесот на проширување.“

Копретседавачите на крајот од изјавата велат дека „Очекуваат Мешовитиот парламентарен Комитет работи во целосен состав и функционална со соодветна застапеност на сите парламентарни партии. Во таа смисла, тие ја охрабруваат владата и опозицијата да се осигураат дека политичката дебата се одвива во парламентот, како предуслов за отворен и конструктивен дијалог и постигнување конкретни резултати.

Тони Гламчевски