Атлетико, Арсенал и Баер во осминафиналето!

27.11.2014 15:17

Поразот на Олимпијакос максимално го искористи Јувентус којшто по пет порази и едно реми славеше на гости и тоа кај Малме со 2:0. За осминафинале на старата дама и е потребен бод во последното коло против Атлетико, но со триумф од два разлика ќе ја заврши групата А на првото место...

Со новите три екипи, од вчера бројката осминафиналисти во фудбалската Лига на шампионите дојде до 11.

Финалистот од минатата сезона, Атлетико Мадрид пласманот во нокаут фазата го направи со стил совладувајќи го Олимпијакос со 4:0. Раул Гарсија ја отвори грчката одбрана којашто ја демолираше Марио Манџукиќ со четвртиот хет - трик во кариерата, но како прв на фудбалер на Атлетико во највредното натпреварување.

Поразот на Олимпијакос максимално го искористи Јувентус којшто по пет порази и едно реми славеше на гости и тоа кај Малме со 2:0. За осминафинале на старата дама и е потребен бод во последното коло против Атлетико, но со триумф од два разлика ќе ја заврши групата А на првото место.

По три загубени меча без постигнат гол, Ливерпул конечно освои бод. 2:2 во Софија против Лудогорец, резултат којшто го исфрли од игра бугарскаиот првак. Лудогорец погодуваше на стартот и во финишот преку Дани Абало и Георги Терзиев. Со головите на Рики Ламберт и на Џордан Хендерсон, црвените речиси имаа три бода коишто нема да им ја сменеа позицијата во групата Б. Во секој случај на 9-ти декември на Енфилд им е потребен триумф против Базел.

До оваа можност, Ливерпул дојде благодарение  на поразот на Базел дома од Реал Мадрид со 1:0. Шампионот одигра колку што беше потребно за минимална победа и за израмнување на Кристијано Роналдо со Раул Гонзалез на елитната листа стрелци. И двајцата имаат по 71 гол или три помалку од Лионел Меси.

Немаше незадоволни вчеравечер на БајАрена, не беше тоа ниту поразениот Леверкузен. Загуби од Монако со 1:0 со голот на Лукас Окампос, но благодарение на поразот на Бенфика во Сант Петербург и подобриот биланс со Зенит веќе обезбеди осминафинале.

Иако Русите славеа со голот на Дани, сепак Монако е во предност пред меѓусебниот дуел во групата Ц во Монте Карло затоа што му е доволно и нерешено.

Арсенал и бод го носеше меѓу најдобрите 16 екипи, но топчиите сакаа, ја победија Борусија со 2:0 и и ја оспорија првата позиција во конкуренцијата Д. Првиот гол во дресот на Арсенал на официјален меч на Јаја Саного и третиот сезонава на Алекси Санчез го вратија мирот на Емирати, но не ја симнаа од врвот екипата од Дортмунд којашто за да остане таму потребно е да не загуби дома од Андерлехт.

Белгијците со 2:0 со погодоците на Конгоанецот Мбемба го совладаа Галатасарај за кој не настапи Горан Пандев и ќе презимат во Европа, но во УЕФА лигата.