Европскиот парламент и изгласа доверба на Комисијата на Јункер

27.11.2014 15:20

Иницијативата беше поднесена од 76 европратеници од крајно десничарската коалиција „Партии на слободата“ и „Директна демократија“, како и од независните кои се конфронтираа со Јункер поради аферата со неговото неплаќање даноци во Луксембург...

Со огромно мнозинство, европратениците ја отфрлија иницијативата за недоверба на Европската комисија и на нејзиниот претстедател Жан Клод Јункер. 461 пратеник гласаа против, 101 беа за, а 88 гласаа воздржано.

Иницијативата беше поднесена од 76 европратеници од крајно десничарската коалиција  „Партии на слободата“ и „Директна демократија“, како и од независните кои се конфронтираа со Јункер поради аферата со неговото неплаќање даноци во Луксембург. За изгласување недоверба на Европската комисија е неопходно двојно мнозинство, две третини од вкупниот број гласови и мнозинство од сите пратеници во европскиот парламент.