Бомбашки напад на британската Амбасада во Кабул

27.11.2014 15:31

Во експлозијата се повредени 34 минувачи, меѓу кои пет деца. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците...

Најмалку шест лица загинаа, меѓу кои еден Британец и петмина Авганистанци во напад на бомбаш самоубиец врз возило на британската Амбасада во Кабул. Самоубиецот удрил со автомобилот полн со експлозив во возило на британската Амбасада.

Во експлозијата се повредени 34 минувачи, меѓу кои пет деца. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.