Семејството на кумановскиот бербер прославува

31.12.2013 15:46

За 70 годишниот кумановец Трајко Кузмановски ова е најсреќната нова година откако синоќа дозна дека е добитник на двособен стан во Скопје.Од двете писма што ги пратил на негово и на име на сопругата тој бил посреќниот.Верува дека Свети Никола му помогнал , бидејќи токму за овој празник ги испратил писмата за учество во наградната игра Фискална на рака ,награди без мака.

-Седвме дома го гледавме извлекувањето и едноставно не верувавме дека токму моето писмо ќе биде извлечено.Кога го прочитаа моето име јас занемев од радост.Веднаш ги повикав синовите и внуците да се ирадуваме заедно- вели Кузмановски.

Во домот на Кузмановски целото семејство денеска се собра да ја споддели радоста.Сепак внуците ќе го имаат задовоството да се вселат во станот односно оној кој ќе заврши факултет.Сопругата Дејка на сите им порача на сите да играат , затоа што тие се пример дека среќата не е недостижна.

-Порачувам сите да собираат фискални сметки и да играат и да веруваат дека можеби еден ден среќата ќе тропне на нивната врата-порача  Дејка Кузмановска, сопруга на Трајко.

На овој пензиониран некогашен бербер познат меѓу кумановци му се насмевна среќата бидејќи ја доби највредната награда помеѓу 800.000-те ученици од цела Македонија.

Габриела Димковиќ